Бран поскапувања во Македонија

Поскапеа дел од цигарите.   Од четвртокот  се продаваат по повисока цена за 5 денари. Трговците велат – новите цени  ги добиле ненајавено.  Очекуваат во наредните денови и останатите производители на цигари да им достават  зголемени цени на своите брендови .

За 5 денари поскапо се продаваат West Silver ,West Red I West White, Walter Wolf I Ronhill Black I Gold.

Поради зголемената акциза, поскапувањето се очекуваше да стартува  за неколку месеци, пред почетокот на летото и тоа за  4 денари.

Поскапувањеtо на цигарите започна од 1 јуни 2015 та година, кога се зголеми акцизата за 0,15 денари по парче. Од 1 јуни 2016 та па во наредните 7 години, поточно до 2023 та година акцизата се зголемува за 0,20 денари за парче. На крајот на циклусот се очекува поскапите брендови да чинат над 3 евра по кутија.

Од оваа недела , односно од вторник имаме и нова зголемена цена на горивата. Регулаторот ги поскапи бензините и дизелот за 2 односно 2,5 денари по литар.

 

 

 

19.04.2017 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега