Вака изгледала ќелијата на претседателот- во последните денови молел само за едно нешто

Поранешниот претседател Слободан Милошевиќ, човекот кој цели 13 години владеел со Србија И југославија, последните денови во државата, пред наредбата на Хашкиот трибунал, ги помина во собата 1121 „Хајата“, како уште ја нарекуваат во Централниот затвор во Белград.

Во оваа соба, со површина од 14 квадрати, во која без цимер, но под будното око на стражарите, Милошевиќ ги поминал последните три месеци од животот.

-„Знам дека ова не е хотел.“- изјавил претседателот пред доаѓањето во затворот.

Тој немал никакви замерки за својот нов дом. Со својот куфер и личните работи, се вселил во ќелијата. Имал вградена туш кабина, тоалет со мијалник и топла вода. Влезната врата била метална и масивна, а на средината имало отвор за комуникација.

Природното светло и свежиот воздух допирале горниот дел од ѕидот кон ходникот на кој имало решетки. Мебелот, вратата и решетките биле во сина боја.

Според сведочењето на управникот, единственото нешто на што Милошевиќ се пожалил е вишокот кревет и слабото осветлување. Примедбите биле прифатени и креветот на спрат бил изнесен. На прашањето дали има некаква специјална желба, тој одговорил:

-„Може ли мојата сопруга да влезе во собата и да ми го намести креветот?“

Таа желба не му била исполнета.

 

 

 

18.04.2017 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега