Пејачката и старлета се бори за живот- не се знае дали жива ќе излезе од болница, еве кој е крив

Поранешната учесничка на „Фарма“ на Велики петок е примена во болница, омалаксана и со покачена температура, а сето тоа само поради зголемување на задницата.

Старлетата и пејачка Тамара Ѓуриќ се наоѓа во болница, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.

Таа ни самата не знае дали ќе преживее, но вели дека има доверба во докторите. Кога потполно ќе се опорави, ќе издаде официјално соопштение за агонијата низ која поминува поради нестручноста на докторите во една од познатите приватни болници во Србија.

Имено, како што пишуваат медиумите, Тамара ја зголемувала својата задница со силикони, но телото тешко го прифатило тоа и силиконите се излиле.

Вината се префрла на нестручноста на докторите во клиниката каде што Тамара повеќе пати правела естетски интервенции.

-„Кога Тамара првпат добила температура, таа, логично отишла кај својот лекар во приватната клиника. Тој помислил дека тоа е реакција по вбризгувањето хијалорон и дека е сосема нормално, па и препишал погрешна терапија. Постојано и правеле анализи, и ги боделе вените, но не можеле да утврдат што се случува и дека всушност проблемот настанал од хијалуронот.“- вели пријателка блиска на Тамара.

 

 

 

18.04.2017 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега