Кромидот и компирот поскапеле доматите и лубениците поевтиниле - што се сменило на пазарите во Македонија

 На зелените пазари минатиот месец, споредено со јули лани, најмногу поскапеле компирите, кромидот и тиквичките, а поевтиниле црвените домати, дињите, црешите и вишните, објави денеска Државниот завод за статистика.

На пазарите на големо, исто така најголемо зголемување на  цените статистиката регистрира кај компирите, кромидот и тиквичките, а намалување кај црвените домати, зелката, лубениците и дињите.