Најпрометната улица во Гостивар конечно ќе биде реконструирана

Делница од „Беличица“, една од најпрометните сообраќајници во Гостивар, ќе биде целосно реконстуирана за две недели, за што локалната самоуправа издвои шест милиони денари.

Со реконструкцијата ќе биде опфатен и мостот што градското подрачје го поврзува со населбите во јужниот дел на општината.

- Проектот, кој започна пред еден месец со изградба на тротоари и постување улично осветлување, ќе го завршиме со поставување нова подлога и нов слој асфалт на коловозот. Ист ваков зафат е планирано и на други делови од улицата, бидејќи неа ја користат голем број граѓани, рече Невзат Бејта, градоначалникот на општина Гостивар.

Со реконструкцијата, во оваа фаза, се опфатени 250 метри, бидејќи како што појаснија од Секторот за сообраќај, таа делница била целосно руинирана и го попречувала сообраќајот. 

ФОТО: macedoniancities.com

најчитано сега