ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА НА ГОТОВС: Во вторник продолжуваме со активности како и досега

Граѓанската иницијатива нема да протестира за време на Велигреднските празници. Како што денеска најави еден од организаторите на иницијативата, Богдан Илиевски, тоа не значи дека граѓаните нема да бидат на готовс.

– Тоа што нема да сме по улиците од 17 до 19 часот, марширајќи овие денови до вторник, не значи дека не сме цело време спремни, на готовс, дека ја следиме ситуацијата и дека доколку некој се дрзне и за време на овие големи празници се обиде да прави нешто што не би требало да го прави, ќе има соодветна акција, соодветен одговор, посочи Илиевски.

Вели дека Граѓанската иницијатива ќе ги продолжи активностите во вторник, и додаде дека одлуката за оваа пауза на активностите е  поради тоа што Собранието нема да работи за време на празниците.

-Собранието денеска не работи, па ни ние нема однадвор да го потсетуваме она што го потсетуваме наназад 45 дена, потенцира Илиевски.

Тој на сите граѓани на Република Македонија им ги честиташе Велигденските празници.

 

 

 

13.04.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега