Турската полиција со солзавец растера група демонстранти
Турската полиција употреби солзавец за да ги растера приврзаниците на прокурдската Партија за мир и демократија во Вираншехир, во југоисточниот турски округ Шанлурфа, кои сакале да ја одбележат годишнината од Курдската работничка партија.
Групата се собрала пред седиштето на ПМД во Вираншехир, при што издигнале плакати со ликот на лидерот на ПКК Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна на турскиот остров Имрали.
Полицијата ја предупредила групата дека празнувањето е незаконско и побарала од учесниците да си заминат. Откако приврзаниците на ПМД не ја послушале полицијата, таа употребила солзавец.
12:43