ВИДЕО: Не запираат немирите во Египет - бројот на жртви се искачи на 464 лица

Египетската Влада соопшти дека во вчерашните насилства загинале 464 луѓе, од кои 421 цивили.

На цела територија на Египет регистрирани се 3.572 повредени лица. Приближно 200 луѓе загинаа на плоштадите во Каиро „Ан Нахда“ и „Рабија ел Адавија“, каде протестираа привразниците на соборениот претседател Мохамед Морси, кој беше уапсен на 3 јули од страна на армијата.

Од вчера во сила е вонредна состојба, откако двата протестни кампови во Каиро беа целосно уништени, додека полицискиот час е во сила од 19 до 6 часот наутро по локално време.

Бројот на жртвите во вчерашните судири се разликува во зависност од изворот, па така „Муслиманско братство“ тврди дека погинале 2.200 лица, а повеќе од 10.000 се ранети.

 

Еве што се случува низ улиците на Египет.

12:35

најчитано сега