Ќе ви го скрши срцето: Писмото на еден пожртвуван татко кое го расплака цел Балкан

Еден татко од Хрватска пред две години ја крена цела земја на нозе за своето бебе на кое итно му беше потребна операција, а  никој не сакал на неработен ден да донесе одлука за операција на неговото синче која била итна.

Денес тој напиша писмо кое го трогна Балканот:

„ Храброст моја – денес ти е Именден. Тато, пак не е дома. Знаеш, се разбудив многу рано и  сум на нога до доцна во ноќта, додека  ти си трчкаш околу куќата, полниш пелени, си играш. Мајка ти ми кажа дека многу пати во денот го споменуваш тато. Именденот ти поминува без татко, бидејќи јас ќе работам 20 часа, 27 километри далеку од вас. Ќе работам по цел ден на 3 страни срце татино, куна по куна ќе вратам некако се – само за тебе сине.

Знам  шампиону, тоа е само Именден, и многумина воопшто не го ни слават, но јас го пропуштив, а за нас би требало да биде голем ден, семеен ден. Знам и првите чекори се само први чекори, првите зборови и само првите зборови, првиот пад, прво фрлање камчиња во морето,  доаѓање  во дневната соба со цуцла и многу други работи, но јас сето тоа го пропуштив. Премногу.
Ама не значи дека тато те сака помалку, ти  знаеш мој борецу срценцето на тато го сечеа 2 пати, добри луѓе те оперираа – оние чичковци во бели мантили што ги мразиш. Тато ја крена болницата и Хрватска на нозе за ти да преживееш. Многу твои другарчиња што беа со тебе во собата во болницата во Минхен заминаа на небото, не издржаа сине мој. Но ти си денес тука борецу мој. Ослабев 24 килограми, секоја батеријата се празни а и на  тато е речиси при крај. И мојот борец сега се бори тато повторно, по речиси две години на дното сум и физички,  и ментално но морам да продолжам без оглед на отворените рани на нозете, без разлика што ми се тресат рацете од умор, тато мора да оди напред, мора да се врати кредитот, заемите од добрите луѓе. Ќе дојде и тој ден – сега нема кој но уште малку тато да заработи, да врати се па ќе дојде ден кога тато ќе ми биде со вас.

Ќе даде Господ па тато биде таму барем за првата топка во кошот, пливање, велосипед. Ме боли срцето кога наутро на вратата ќе ми кажеш тато не „Папа”  а тато мора „па па“ сине.

Да, мој борец, никој нема да дојде кај мене со торба  пари и да каже, еве, се ослободи од сè и бидете среќни. Што било било. Но ќе бидеме среќни и тато се колне, ние ќе бидеме повторно заедно, 24 часа на ден, јас ти и мајка ти.

Мора да се вратам на работа сине за вас, за нас … среќен именден!

12:32

најчитано сега