Нуркачи влегоа во индиската подморница - сеуште не се пронајдени телата на загинатите морнари

Нуркачите на индиската морнарица влегоа во подморницата што потона по двете експлозии во пристаништето Мумбај и го отвориле главниот отвор на врвот на подморницата и ја испумпуваат водата за да го кренат пловилото на површината на водата, бидејќи тоа лежи на мала длабочина во пристанишниот док, изјавија претставници на морнарицата.

Несреќата што се смета за најлоша во историјата на морнарицата уште од потонувањето на фрегатата во 1971 година, што ја потопи пакистанска подморница, во сенка ја фрли  индиската воена способност додека земјата се обидува да и парира во воена сила на се посилната кинеска војска.

-Забележени се големи,  многу големи оштетувања на пловилото и не  е постигнат напредок во пронаоѓање на телата на 18 исчезнати морнари, рече претставник на морнарицата.

Тројца морнари кои се наоѓале надвор од подморницата успеале да се спасат скокајќи во водата по првата експлозија.

-Длабоко жалиме заради загубата на подморницата ИНС „Синдуракшак“. Се стравува дека во инцидентот 18 храбри морнари го загубија животот, рече премиерот.

Индиските весници денеска на насловните страници ја оплакуваат загубата на подморницата.

12:14