ФОТО: И се додворувал на мажена жена па и го истепал сопругот и уште 6 негови пријатели

Полицијата во Задар, Хрватска вчера околу 19 часот привела 22 годишно момче кое во локално кафуле, истепал седуммниа. Едниот го гризнал за врат, другиот го удрил по главата а уште петмина, квалитетно ги натепал.
Со 1,5 промили алкохол во крвта, момчето и се додворувало на една жена во кафулето. Во нејзина одбрана застанал нејзиниот 45 годишен сопруг кој веднаш добил бокс во носот. Ситуацијата се обидел да ја смири другарот на повредениот сопруг, кој бил експресно гризнат за врат. Дотрчале келнерите и останатите вработени во кафулето кои му биле пријатели на повредениот сопруг. Сите петмина добиле квалитетен ќотек по што дошла полиција и го привела насилникот кој воопшто не пружал отпор.

15.08.2013 - 11:35

најчитано сега