Неверојатна понуда од LycaMobile: Погледнете ги овие цени

Лајкамобајл ја известува јавноста дека македонските граѓани уште повеќе можат да ги уживаат придобивките од Лајкамобајл, со драстично намалени цени на националните месечни пакети дури до 60%.

Така, без обврски, корисниците ќе може да користат пакет со неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и неверојатни 8 GB интернет за само 384 денари месечно. Повеќе информации на линкот

Уште повеќе, пакетите на Лајкамобајл за мобилен интернет се движат од само 59 денари месечно за 1 ГБ до 249 денари месечно за дури 7 ГБ. Прочитајте повеќе за интернет понудата

Дополнително, со секое надополнување на сметката корисниците ќе добијат уште 1 ГБ бесплатен интернет кој можат да го користат цел месец, додека корисниците што ќе го префрлат нивниот мобилен број во мрежата на Лајкамобајл ќе добијат 336 денари бесплатен кредит.

Со ова, во моментот, Лајкамобајл нуди најконкурентни цени на пазарот за мобилни комуникации, а од компанијата посочуваат дека првичните реакции од страна на корисниците се многу позитивни и не го кријат задоволството од истото.

 

Лајкамобајл е најголемиот мобилен виртуелен оператор во светот кој опслужува 15 милиони корисници во 21 земја, со забрзан тренд на ширење кон нови пазари.

 

 

 

11.04.2017 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега