Нова опција на Фејсбук

 

Фејсбук воведе нова опција која на корисниците ќе им овозоможи да ги препознаат лажните вести и погрешните информации кои се шират на оваа социјална мрежа.

Овој детектор од пред неколку дена е достапен за корисниците во САД, Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Филипини, Тајван и Бразил, а наскоро треба да се воведе и во остатокот земји од светот.

Иновацијата е во форма на порака која ќе се појавува над делот за вести на страната на корисникот на Фејсбук во текот на неколку дена. Кога ќе се кликне на оваа порака, таа го води корисникот до совети и информации како да бидат забележани лажните вести и што да се прави со нив.

Меѓу советите е и препораката да се гледа внимателно адресата на сајтот, за да се види дали тој не ја имитира адресата на познати новински сајтови.

Новата опција е дел од планот на Фејсбук да го запре ширењето на лажни вести, во што, со своите повеќе од милијарди корисници одигра значајна улога.

 

 

 

10.04.2017 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега