Бројот на загинати лица во Египет се искачи на 343

 

Најмалку  343 лица погинаа ширум Египет во судирите меѓу безбедносните сили и приврзаниците на соборениот претседател Мухамед Морси, соопштија денеска официјални претставници на  египетското Министерство за здравство.

Претставникот на министарството, Халед Хатиб, за француските медиуми изјави дека во вчерашните судири погинааа најмалку 300 цивили.

Според Си-Ен-Ен, Египет ниту во текот на ноќта не беше поштеден од немири и покрај  полицискиот час што е воведен во Каиро и неколку други градови по сдирите меѓу безбедносните сили и приврзаниците на Морси.

Од вчера во сила е вонредна состојба, откако двата протестни кампови во Каиро беа целосно уништени, додека полицискиот час е во сила од 19 до 6 часот наутро по локално време.

Египетските државни медиуми јавуваат дека најмалку 200 лица се уапсени во текот на уништувањето на камповите.

11:08

најчитано сега