Проверете дали утре ќе имате вода

 

Корисниците од улиците „Шарски одреди“, „Бел Камен“ и дел од улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“ во општина Центар утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Шарски одреди“ кај крстосница со улицата „Васил Ѓоргов“ во населба Водно.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го санираат дефектот.

 

 

 

07.04.2017 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега