ГАЛЕРИЈА: Кичевчани сплотени во одбрнана својата татковина

 

Пред платото на Домот на културата во Кичево и вечерва продолжи грѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија” на кој беа повторени барањата за зачувување на унитарноста на државата.

– Браќа и сестри драги сограѓани Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати, ние сме за заедничка Македонија, ние сме за соживот помеѓу сите што живееме во нашата заедничка татковина, рече Даме Силјаноски кој се обрати во име на граѓанското здружение.

Тој нагласи дека помина времињата кога други одлучуваа за нашите судбини.

– Овој пат ние самите ќе одлучиме во кои правец ќе се движи нашата татковина. За нас е не прифатливо да се промовира и прифати платформа во која се бара воведување на двојазичност на цела територија, отпочнување на разговори за промена на знамето, химната и грбот, воведување двојазични банкноти и униформи на полицијата и армијата рече Силјаноски.

Портестите продолжија со марш низ улиците на градот Кичево. Од организаторот најавија дека за време на викендот нема да има протести.

 

17838448_1532753976735279_1389638369_o

 

17837007_1532754066735270_328134380_o

 

17837471_1532753953401948_263515636_o

17837601_1532754080068602_737425243_o

 

 

 

 

07.04.2017 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега