Протест во Струмица: Само заедно можеме да спречиме нова голгота на македонскиот народ
Ова не е време за барање правдина, ова е кризно време, време-невреме, истакнаа вечерва граѓаните кои попладнево се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ за да дадат поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.
– Ова е време на предизвици. Само тој што се плаши за своето семејство, само тој што се плаши за своите деца, само тој што се плаши од разнебидување на Македонија, само тој ќе биде победник. А тоа сте вие, луѓето кои четириесетина дена излегувате на протестите, само вие можете да спречите нова голгота на македонскиот народ, рекоа говорниците.
Порачаа дека Македонците треба да се сплотат, а не да одат еден спроти друг за зачувување на својата држава.
Групата граѓани потоа тргна на мирен марш низ Турското маало до средното земјоделско училиште пренесувајќи ги како и досега пораките за отфрлање на т.н тиранска платформа, заштита на унитарноста, сувереноста на Македонија, нејзиниот идентитет, име, химна и знаме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа