ФОТО: Кумановци и денеска со масовна поддршка против воведувањето на Тиранската платформа во Македонија
Граѓани на Куманово вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.
Кумановци денеска исто како и изминатите денови по обидот на СДСМ на сила да го завземе претседавачкото место во Собранието, во масовен број излегоа да ја дадат својата поддршката ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
Тие јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.
Освен во Куманово, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа