Епидемија „глувчја треска“ забележана во регионот- Најмногу заразени во Загреб

 

Од почетокот на оваа година во загребската Инфективна клиника хоспитализирани се дваесетина заболени од ХВБС, односно „глувчја треска“, а уште десетина во останатите болници. Експертите повикуваат на внимателност и правилно лекување.
Станува збор за вирусно- инфективна болест, која предизвикува ханта вирус, а епидемијата се јавува циклично, а се пренесува преку воздух во кој испаруваат течностите на глодарите. Затоа, ваква опасност ги демне само оние кои престојуваат во природа, како шумските работници, земјоделците, планинарите, но и оние кои ги чистат подрумите во кои има глодари.
Симптомите од оваа болест се висока температура, лоша состојба, црвенило на очите, главоболка, а понекогаш мачнина и повраќање. Кај потешките случаи може да се јави крварење на кожата и слузницата, но и напад на бубрези. Смртната стапка од оваа болест е 1%. Нјголемо внимание да се обрне на хигиена на рацете по престој во природа, да не се јадат плодови од шума кои не се измиени.
 

 

 

07.04.2017 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега