Ердоган: „Американските напади врз сириската воена база се позитивни, но не се доволни“

 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган американските ракетни напади врз сириската военовоздухопловна база денеска ги оцени како позитивен развој на ситуацијата, но кажа дека тие не се доволни и дека требаат „сериозни чекори“ за заштита на сирискиот народ, пренесоа британските медиуми.

-Ние ова го оценуваме како позитивен и конкретен чекор, преземен против воените злосторства на режимот на Асад. Дали е тоа доволно? Не го сметам тоа за доволно. Време е да се преземат сериозни чекори за заштитата на невиниот сириски народ, посочи Ердоган на митинг во округот Хатак, во јужна Турција.

„Меѓународната заедница ја има способноста да го запре режимот и терористичките организации. Се надевам активната позиција, што САД ја демонстрираа во Идлиб, е почеток на ваквиот развој“, рече Ердоган. 

 

 

 

07.04.2017 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега