Конечно се огласи: Еве што му порача Ана на нејзиниот татко со кој 17 години не зборува
Времето лекува се: Пејачката со насмевка ја прочитала исповеста на својот татко и без никакво двоумење го поканила да дојде кај неа и нејзините деца, кои никогаш ги нема запознаено. Ана Кокиќ е подготвена после 17 години да се смири со нејзиниот татко Стеван, со кој не зборува откако се развел од нејзината мајка, но смета дека тој мора да го направи првиот чекор.
Ова Ана вчера го изјавила за српски Курир по повод сведоштвото на нејзиниот татко кој признал дека погрешил, и дека му е тешко што не зборува со нејзината ќерка и ја замоли да му прости.
- Да, го прочитав текстот, кратко одговорила Ана со насмевка на лицето.
На прашањто дали некогаш ќе му прости на нејзиниот татко, таа изјавила
- На мојот татко никогаш не му било забрането да дојде. Не сме ни прва ни последна фамилија која има некој проблем, но нашите семејни проблеми ќе продолжиме да ги решаваме во склоп на семејството. Ви благодарам што сте дошле, знам дека имате најдобра намера, рекла Ана за српски Курир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа