Залутани куршуми прават бељи низ Македонија

Залутан куршум во струшко Подгорци заврши во ветробранското стакло на автомобил „Пежо“ со странски регистарски таблички.
Како што информираат од полицијата, вчера вечерта меѓу 23 и 00:30 часот, залутан куршум го пробил ветробранското стакло на „Пежото“ на 65 годиншниот Б.А.
 
На местото на настанот е извршрен увид и полициските екипи ја подигнале чаурата на вештачење.

Пред два дена, во истото село, залутан куршум заврши во грбот на 46-годишниот В.С. од струшкото село Боровец.

најчитано сега