Езел излезе од затвор - ќе се брани од слобода

 

Миленикот на женската публика, Кенан Имирџиоглу, познат како Езел, конечно излезе од затвор и му е дозволено да се брани од слобода, откако беше уапсен во голема полициска акција на турската полиција за разбивање на криминалот со дрога.

Турскиот актер кој се товари за купување хероин и марихуана, во своја одбрана кажа дека од дилерот, чии што телефонски разговори ги следела турската полиција, купувал само кикирики и суви кајсии и дека порано навистина бил зависник од дрога но сега нема никаков порок откако ги откажал и цигарите. 

Откако помина 72 часа во затворот во Истанбул, судијата му дозволи на Езел да се брани од слобода. На излегување од затворот уште еднаш потврди пред новинарите дека не зема дрога и дека е невин.

10:16

најчитано сега