Јапонија одбележува 68 години од капитулацијата во Втората светска војна
Денеска во Јапонија се одбележува 68.годишнината од капитулацијата и прифаќањето на поразот во Втората светска војна. По тој повод, денеска се одржува комеморација и поклонување на официјалните државни лица пред спомениците на лицата кои го загубиле животот борејќи се за Јапонија во текот на Втората светска војна.
- Се молам за светскиот мир и сестран развој на земјата, изјавил јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Инаку, во центарот на Токио е споменик на 2,5 милиони загинати Јапонци во војната, меѓу кои и најголемиот воен злосторник Хидеки Тојо.
09:52