Од 1. мај почнува сезоната на риболов со блинкер на Охридското Езеро
Концесионерот што стопанисува со рибниот фонд на Охридското Езеро, фирмата „Пастрмка 2012“, ја отвара годинешната сезона на риболов на езерото со блинкер на влечење.
Според најавите, ловењето пастрмка и белвица започнува од 1 мај, а ќе биде дозволен до 30 ноември, и тоа секој месец од 1 до 15 во мецесот, како и за државние празници. Влегувањето во езерото за роболовците ќе биде дозволено од 5 часот наутро до 12 часот напладне.
Од „Пастрмка 2012“ појаснуваат дека за лов на пастрмка и белвица од пловен објект може да се употребува блинкер на влечење со најмногу два стапа од страните на пловниот објект со врзани најмногу седум блинкери на секој риболовен стап. Секоја риболовна дозвола се однесува на употреба на еден риболовен стап.
Инаку, дозволен дневен улов за рекреативен риболов на охридска пастрмка изнесува три примероци и четири парчиња охридска белвица, со тоа што вкупниот дневен улов на двата вида не смее да надминува тежина од четири килограми.
Рекреативните дозволи за риболов чинат 800 денари и се издаваат во седиштето на „Пастрмка 2012“ за подрачјето на Охрид, како и во рибарницата во Градскиот пазар за риболовците од Струга.
ФОТО: Региони.мк