Николовски: Зоран Заев излезе и кажа дека нема проблем со Тиранската платформа, но кога виде народ од 250 илјади граѓани низ улиците проба да си игра со јавноста
-ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците, напротив тие имаат направено многу проекти за нив и тоа е едно од митовите во јавноста, но постоеше една кампања во изминативе неколку години во медиумите и во Македонија и на Балканот каде што ВМРО-ДПМНЕ беше претставен како црн ѓавол. Ние јасно испративме соопштение до јавноста зошто не се договоривме за влада и ние не прифативме Тиранска платформа. Ние пред изборите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го претставивме како претставник за иден премиер и тоа не се промени. Во однос на СЈО ние дадовме поддршка кога се формираше и тоа е со рок во траење од 18 месеци, ние не се согласивме да се продолжи рокот и само заради тоа не се согласивме со ДУИ за постигнување на договорот за формирање на влада. Зоран Заев излезе и кажа дека нема проблем со платформата и кога виде дека 200 до 250 илјади граѓани излегоа на улица проба да си игра со јавноста, изјави вечерва во Топ-Тема, на телевизија Телма, Александар Николовски.
Николовски во реплика на прашањето дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е целосно изолирана рече:
-Јас не знам каква изолирана партија е ВМРО-ДПМНЕ која во два дена се сретнува со Ангела Меркел, Доналд Туск, Силвио Берлускони, Орбан, Јанез Јанша и ако ова е изолираност јас не знам што да кажам. Она што можам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ има целосна поддршка од сестринските партии и има поддршка и за европските интеграции, така што јасна е поддршката за членство во ЕУ и во НАТО. Никој од овие сестрински партии не кажа да се прави нешто кое е надвор од уставот, истакна Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа