Експерти на ОН ќе испитуваат дали се користело хемиско оружје во Сирија

 

Сирија се согласи да прими експерти на ОН, кои ќе проверат дали во граѓанската војна во земјата евентуално е користено хемиско оружје.

Режимот во Дамаск ги прифатил условите, поставени од ОН, за да може екипата да ја заврши својата работа безбедно и ефикасно, па така, експертите предводени од шведскиот професор Оке Селстром, ќе отпатуваат за Сирија во најскоро време. 

Инспекторите на ОН ќе истражат три претпоставени напади со хемиско оружје. 

09:41

најчитано сега