Кличко ќе се кандидира за претседател
Украинскиот боксер Виталиј Кличко има намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2015 година.
- „Виталиј ми објасни дека има желба и понатаму да продолжи да се бави со политика и дека најверојатно во 2015 година ќе биде промовиран во претседателски кандидат на изборите во Украина. Но, истовремено беше дециден дека нема да се откаже од боксот“, изјави претседателот на Светскиот боксерски совет, Хосе Сулејман.
Инаку, Кличко минатата година беше избран во Парламентот на Украина.
09:22