Стартува проектот за зајакнување на капацитетите на Секторот за енергетика

Mинистерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе го означи почетокот на ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика“.

Главна цел на проектот е зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерство за економија и Агенцијата за енергетика, како и мониторинг и евалуација на реформите во Секторот за енергетика, потребни за усогласување на националното со европското законодавство и другите релевантни ЕУ обврски во областа на енергетиката. Се очекува да се обезбеди правна и регулаторна рамка со што ќе се привлечат инвестиции во енергетскиот сектор и ќе се придонесе за економски развој и социјална стабилност на земјата.

На настанот ќе се обратат и директорот на проектот Гордана М. Јуруковска  и претставник на делегацијата на ЕУ, Елизабета Ѓорѓиева. 

најчитано сега