ФОТО: Се сруши зграда во Франција - тројца мртви

 

Три лица загинаа, а 14 се повредени кога се сруши дел од стамбена зграда во францускиот град Ремс. Се претпоставува дека до рушењето дошло од експлозија на гас, само три недели, откако претходно исто така слична трагедија се случи на истото место. 

Францускиот претседател Франсоа Оланд, изрази сочуство до семејствата на жртвите додека шокираните комшии се собраа на местото на несреќата во срцето на областа Шампањ. Локалните власти соопштија дека причината за несреќата во која се сруши дел од чатрикатницата со 10 стана, веројатно е експлозија на гас. Полицијата засега соопшти дека има тројца мртви, додека 14 се повредени, од кои една потешко. Меѓу повредените има и деца. 

Прво беше објавено дека погинале две лица, но по неколку часа во рушевините пронајдено е тело на шеесетгодишна жена. Властите велат дека започната е потрага по момчето кое живее на четвртиот кат. 

 

 

најчитано сега