Шампионот Иџе со поддршка „За заедничка Македонија“

Најдобриот македонски автомобилист, шампионот Игор Стефановски- Иџе даде поддршка за Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Иџе е само уште еден од низата спортисти кои застануваат зад „црвено-жолтата“ линија во одбрана на татковината.

-За мене како спортист нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава. Интонирањето на Македонската химна на Имола, Хунгаро ринг и останатите елитни тркачки патеки низ Европа и поддршката од нашиот народ е она што ми дава мотив да се борам и победувам за нашата Татковина.Кон крајот на месецот, започнува новата сезона на ETCC, на познатата патека Монца, во Италија. Ќе биде голем предизвик за мене и мојот тим уште еднаш да се искачиме на победничкиот пиедестал под Македонското знаме, на пиша Иџе на својата фан страна.

Стефановски е најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки. Популарниот „летечки Македонец“ е двократен европски шампион на ридски патеки.

 

 

 

04.04.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега