Прогласени најдобрите македонски пингпонгари

Сениорите Кристијан Станојковски, во машка конкуренција и Aмелија Уце, во женска конкуренција од ППК „Крива Паланка“се прогласени за најдобри пинпонгари на 21-то Државно поединечно првенство за сениори и сениорки во пинг-понг кое викендов се одржа во спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. На шампионатотот што го организираа Пингпонгарската федерација на Македонија, Општина Илинден и АППК Студент настапуваа 100 натпреварувачи, од кои 70 во машка и 30 во женска конкуренција.

И организаторите и учесниците презадоволни од гостопримството на Општина Илинден како и од условите кои ги понуди салата „Гоце Делчев“, каде беа собрани најдобрите пингпонгари од земјава, информираат од Општина Илинден

Дражвното првенство траеше два дена, се играше повеќе од 18 часа на 10 пинг-понг маси, а за најуспешните беа обезбедени и пригодни награди. Пехарите и медалите за победниците во машка и женска конкуренција, игра во парови и микс класа ги додели градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

 Листа на победници од 21 Државно поединечно првенство за сениори и сениорки во пинг-понг:

 Машка конкуренција :

1. место Кристијан Станојковски

2. место Роберт Стаменковски

3. место Луцијано Уце

Женска конкуренција: 

1. место Амелија Уце

2. место Билјана Младеновска

3. место Дијана Ристовска

најчитано сега