Британска компанија изготвува физибилити студија за Универзитетскиот кампус во Велес

Реномираната компанија ДТЗ од Велика Британија изготвува физибилити студија за Универзитетскиот кампус во Велес. Претставници на компанијата изминатите неколку дена ги разгледуваа можностите и инфраструктурата на езерото Младост во Велес каде е планирана изградба на кампусот.

-Ја избравме оваа компанија, која е светски лидер во менаџментот со имот и има значително искуство со советување на клиенти на едукативни проекти. Менаџерот на ДТЗ, Ричард Колинс, истакнат професионалец во доменот на развој на универзитети и едукативни кампуси е предводник на тим од професионалци, со цел подготовка на овој физибилити извештај. Неговото искуство е со едукативни проекти низ Европа, Блискиот Исток и Кина. Со тоа започна целиот процес на реализација на идејата за Универзитетски кампус, вели Гаурав Семвал од CEL Global, компанијата одговорна за имплементација на проектот.

ДТЗе присутна во 208 градови во 52 држави и претставува број 1 консултант за недвижности во Кина. Еден од клиентите на оваа компанија е и Yahoo!.

За Универзитетскиот кампус во Велес досега има интерес од неколку реномирани високообразовни институции од Британија. CEL Global планира целосна имплементација на едукативен концепт кој опфаќа детска градинка, средно училиште и на крајот, едукативниот проект Универзитетски град во Велес. Градинката ќе започне со работа во септември во населбата Тафталиџе во Скопје. Сеуште е во тек потрагата по соодветна локација за средното училиште 

најчитано сега