Трагично заврши љубовта на момче од Македонија и девојка од Албанија

Во хотел, во близина на германските вили во Тирана денеска трагично заврши љубовната врска меѓу двајца млади Албанци од Македонија и од Албанија.

Станува збор за македонскиот државјанин А. Е. од Тетово кој откако ја застрелал девојката А. С. (21) од Чоровода, се самоубил. Девојката добила лесни повреди и е надвор од животна опасност, додека момчето имало прострелна рана во главата и починало во болница.

Според првичните сознанија, трагедијата се случила во  кафетеријата на хотелот. По расправијата која избила меѓу младата двојка, момчето извадило пиштол и пукало во Ана, а потоа си пукало во главата. Мотив за расправијата била љубомора.

Гостите во хотелот веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош, која како што јавуваат албанските медиуми, дошла со задоцнување.

15.08.2013 - 00:25

најчитано сега