Димовски: Не е битно дали се вика платформа или декларација, содржината ја загрозува унитарноста на Македонија

 

Илија Димовски од Собранието на Република Македонија денес изјави дека најмалку е битно дали се вика платформа или декаларација и дека тоа е само обид да се тргне од вниманието на граѓаните содржината на овој документ кој што ја загрозува унитарноста на државата.

Димовски дополни дека колку и пратениците од СДСМ да пробуваат да излажат дека таа платформа не постои нон стоп се демантирани од албанските политичари во Република Македонија, но и од политичарите во Албанија.

 

-         

Деновиве видовме дека министерот за надворешни работи на Република Албанија не само што потврди дека има платформа туку побара истата да влезе во Уставот на Република Македонија што преставува грубо мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Оттука колеги од СДСМ, не можеме ние да си ставиме кофа на главата и да се правиме глуви и да се убедуваме дека платформа не постои. Платформата постои, рече Илија Димовски.

 

 

 

03.04.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега