Ѓорче Петров и Карпош утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните  дека на ден  15.08.2013 во четврток без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:30 часот, ќе останат корисниците од дел од ул. Скупи во општина Карпош. Исто така без струја во периодот од 09:00 до 15:30 часот, ќе останат корисниците од дел од с. Никиштани, поточно ул. бр.2. во општина Ѓ.Петров. Без електрично напојување во периодот од 10:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од с. Сарај, поточно улиците со бр.3, бр.5 и бр.20  во општина Сарај, додека во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Вашингтонска во општина Шуто Оризари. Од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Варшавска во општина Карпош и од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Морава  во општина Шуто Оризари исто така ќе бидат без електрична енергија. 

најчитано сега