Меркел порачува: На Грција да и се даде повеќе време за излез од кризата

Германската канцеларка Ангела Меркел во емисијата „Форум Политик“ на германската телевизија „Фоникс“ зборуваше за актуелните политички и економски односи во Европа и светот и нагласи дека на Грција треба да и се даде повеќе време за излез од финансиската криза.

Меркел истакна дека јакнењето на конкурентноста меѓу европските земји е важен фактор за создавање стабилна и просперитетна Европа. Германската канцеларка нагласи дека солидарноста со земјите кои се соочуваат со економска криза, како што е солидарноста што ја покажува Германија, се важен фактор за решавање на проблемите.

Лидерката на германката Христијанско-демократска унија  Меркел, ги негираше тврдењата на некои медиуми дека планира да се повлече од политичката сцена во 2016 година и нагласи дека со сите сили ќе излезе на следните избори.

16:11

најчитано сега