Илиевски: Треба да им биде јасно - црвено жолтата линија никој нема да ја помине

 

Нема да им дозволиме и на оние качени на тиранската платформа, да бараат од нас да ја виткаме кичмата, ние кичмата не ја виткаме, прифатете го тоа, порача Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред десетиците илјади граѓани собрани пред Собранието.

-Нема друга опција со вас сите тука, освен победа. Вечерва, на половина кажан збор да бидеме малку повеќе, видете колку не сме. Замислете колку ќе бидеме ако цела Македонија дојде во Скопје, три пати ќе го обиколиме Собранието, затоа сите 120 пратеници, треба многу да внимаваат на својата улога во овие историски моменти. Освен тие 120, ние десетици илјади на улиците, секој ден мора многу да внимаваме на секакви провокации, уфрлени провокатори да го сквернават духот меѓу народот, духот на Македонците, нема да им го дозволиме тоа, нема да им помине. Нема да им дозволиме и на оние качени на тиранската платформа, да бараат од нас да ја виткаме кичмата, ние кичмата не ја виткаме, прифатете го тоа, изјави Илиевски.

Тој порача дека граѓаните само заедно на улиците може да ја зачуваат оваа држава.

-Ние продолжуваме, продолжуваме дури, ќе продолжиме како што треба, како што ќе процениме дека е најдобро за сите и за заедничка Македонија. До тогаш апелираме до сите вас продолжете да излегувате и да бидете преубави и прегорди Македонци, како што сте сега, само заедно ќе имаме успех, само заедно ќе ја зачуваме оваа држава, порача Илиевски

 

 

 

31.03.2017 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега