Потресно-Расплака илјадници народ со фотографија од нејзината ќерка

Фотографија која Џули Апичела веќе 6 месеци непрестано ја споделува на друштвените мрежи, а содржината напишана под неа расплака илјадници луѓе.

Од левата страна се наоѓа нејзината ќеркичка Емили додека позира пред првиот ден на училиште, а на десната фотографија е истото место на кое Емили позира, но без Емили.

Емили починала од рак на бубрезите, а нејзината мајка со оваа нејзина објава се обидува да ја подигне свеста кај луѓето за симптомите на ракот кај децата, за оваа болест да однесе што е можно помалку болести.

-„Време е за предучилишно фотографирање. Гледате дека недостасува некој посебен-мојата ќерка Емили. Замислете дека ова е фотографија од вашето дете, последната која сте можеле да ја фотографирате и која ќе ви остане само како спомен.“-напишала Џули и ги замолила нејзините пријатели да ја споделат фотографијата и така да се обидат да ја подигнат свеста за симптомите на рак кај децата.

 

 

 

30.03.2017 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега