СКАНДАЛ: Наместо молитва, звуци од порно филм одекнаа од Минарето на оваа Џамија

На никого во населбата не му беше јасно што се случува кога наместо молитва, слушнале звуци од жежок секс.
 
Ташин Бабас, градоначалник на турскиот град Кастамона, вети истрага за скандалот што неодамна ја шокираше целата земја.

Имено, на платформата Јутјуб беше објавена снимка на која се слуша како од минарето на џамијата Кузејкент, наместо повик за молитва, одекнаа звуци од порнофилм.

- Некој нелегално упаднал во системот на нашата општина. Потребно е итно да ги пронајдеме сторителите на овој дрзок и непристоен чин. Им се извинуваме на нашите драги сонародници поради непријатната ситуација - изјави градоначалникот Бабас во врска со случајот.

Полицијата интензивно трага по виновниците, иако на социјалните мрежи се шират шеги дека инцидентот го предизвикале вработените во јавните служби кои заборавиле да ги исклучат звучниците додека на работа гледале порнографски филм.

 
 
Извор: Телеграф.мк
 

 

 

30.03.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега