ВМРО-ДПМНЕ: Очигледна е нервозата која владее во СДСМ

Очигледна е нервозата која владее во СДСМ од посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот и самитот на ЕПП во Малта.

Стравот на СДСМ е огромен од една единствена причина, бидејќи од средбите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со функционерите на Европските народни партии, цела Европа е запознаена со криминалите на раководството на партијата СДСМ.

Цела Европа е свесна за неодамна објавениот податок дека општина Струмица е најкорумпираната општина во Европа, а нејзин градоначалник е Зоран Заев. Заев стана синоним за криминал, корупција и рекет во европски рамки.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го искористи гостувањето на Конгресот на Европската Народна Партија (ЕПП) за да оствари средби и разговори со лидерите во Европа, Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта,  претседателот на Националната партија на Малта, Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Смид, со европратениците Ебер Брок и Алојз Петерле, со поранешниот премиер на Италија и лидер на партијата Форца, Италија, Силвио Берлускони и уште десетина други формални и неформалини средби.

Јасно беше искажан ставот на Европски народни партии да продолжат да ги поддржуваат сестринските партии во Европа. Притоа беше акцентирано дека не смее да се дозволи со парите на СОРОС да се ризикува стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија.

Ете затоа е стравот во СДСМ и потребата да лажат и нервозно да манипулираат. Европа на овој самит на ЕПП ќе има можност да се запознае со целата антидржавна политика на СДСМ и криминалите на нивното раководство предводено од аболицираниот Зоран Заев.

Цела Европа ќе ги дознае причините зошто народот во Македонија е разочаран, револтиран и гневен.

Народот е на нозе!

Македонија се буди

 

 

 

30.03.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега