Се пролеа крв во Каиро - 56 лица загинаа, 526 се ранети

Министерството за здравство на Египет соопшти дека во судирите што денеска почнаа во Каиро, досега загинале 56 луѓе и 526 се ранети.

Би-Би-Си и дел од западни медиуми јавија за над 40 жртви, други за 30 додека американски медиуми јавуваат за над 15 загинати.

Муслимански браќа наведува дека животот го загубиле повеќе од 500 демонстранти додека приведени се над 9.000.

Еден од лидерите на Муслимански браќа, Мохамед ел-Белтаги тврди дека се убиени над 300 луѓе. Извор од силите за безбедност тврди дека се уапсени над 200 луѓе меѓу кои и лидери од Муслиманско братство. Приврзаници на Морси тврдат дека полицијата коритела боева муниција, додека МВР на Египет тоа го демантира. Армијата не учествуваше директно во акциите, но обезбедуваше и надгледуваше места на судири. 

15:14

најчитано сега