Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци

 

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци. Пред присутните се обрати Светлана Јосифова, историчар, кој повика да се слушне гласот на народот.

-Нема да дозволиме за претседател на Собранието да биде избран човек што не ги признава државните знаме и химна, нагласи таа.

Јосифова побара откажување од тиранската платформа, наметната од други луѓе, како и немешање на европските амбасадори во внатрешните работи на земјава. 

- Сега е време кога треба да ја одбраниме татковината, додаде таа.

Кога се работи за заеднички интерес на нашата држава, порача таа, треба да се сплотиме.

-Ова е една голема измама. Не постоеше тиранска платформа пред избори. Таа се појави после избори. Овој народ има своја платформа зацртана во срцето. Не се преговара за име бидејќи имаме име Република Македонија, нагласи Јосифова.

Повика на вонредни избори под итно и попис на населението.

 

 

 

28.03.2017 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега