Реконструкција на неколку патни правци низ Македонија

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. 

На патниот правец Гостивар - крак Маврово кај с. Церово на 1 км. пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово-Дебар-Струга. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

За потребите за изработка на проектна документација за реконструкција на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза почна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково. 

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај. Сообраќајот се одвива до месноста Корита, но само од охридската страна. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

најчитано сега