Казино доделило две награди од 1 милион долари поради забуна

Локално казино во Синсинати платило награда од еден милион долари на двајца коцкари бидејќи и двајцата имале исто име, Кевин Луис.

Откако едниот Кевин Луис ја подигнал наградата, по него се појавил и вториот за многу кратко време, па казиното на двајцата им доделило награда.

До забуната дошло бидејќи двајцата личеле еден на друг и биле иста возраст.

ФОТО: Сител

14:29