Милошоски: Нема да дозволиме победникот да биде оставен во опозиција и да бидат изневерени граѓаните
По однос на стабилноста и функционалноста на институциите во Македонија, вклучително и Собранието, уште еднаш ќе подвлечам дека стабилно, ефикасно и функционално Собрание не може да има ако се изигрува волјата на победникот во Собранието, кој што победник е само пресликување на изборната волја на гласачите, порача на денешната Собраниска конститутивна седница, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Истакна дека ДУИ од 2006 до 2008 година се жалеа затоа што не се дел од извршната власт, а беа победници во албанскиот блок.
-Ние имавме во 2006 до 2008 година, ситуација во која што претставниците на политичката партија ДУИ се жалеа и приговараа зошто не се дел од извршната власт, не од Собранието, а се сметаа себеси за победници кај нивната мнозинска заедница.
Според него, треба да биде јасно дека сега македонскиот народ и оние Бошњаци, Срби, Турци, Роми кои, како што вели, гласаа за нас не можат и нема да дозволиме да бидат оставени во опозиција и да бидат изневерени нивните изборни очекување и доверба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа