Пациент во кома им кажал на лекарите дека е свесен за се

 

Канадски научници ја искористиле функционалната магнетска резонантна томографија за да ја следат активноста на мозокот на пациент кој не реагирал на околината и му поставиле неколку прашања. Одговарајќи на низа едноставни прашања, пациентот кој последните 12 години бил во кома на лекарите успеал да им даде до знаење дека е свесен за неговата околина.

На прашањето како „Дали сте во болница“, пациентот одговарал под скенер концентрирајќи се на одговорите „да“ или „не“. На ист начин пациентот потврдил дека знае како се вика и дека е свесен дека се наоѓа во болница.

Благодарејќи на технологијата лекарите ќе можат да ги распознаат свесните пациенти од оние кои навистина се во вегетативна состојба, многу побрзо и поверодостојно. Со таквото распознавање, на оние пациенти кои се свесни за нивната околина ќе можат да им се исполнат и нивните желби.

Често  се случува после сериозни повреди на мозокот пациентите да ја изгубат способноста за физичко реагирање. Кога гледаме или му зборуваме на таков пациент, ние не знаеме дали тој може да не разбере и дали има каква било  свест за неговата состојба, истакнува Лорина Наци, водителка на истражувањето.

Интерпретација на човечките мисли врз основа на активностите на мозокот без помош на зборови или гест е една од најпровокативните и најпредизвикувачките гранки на модерната неврологија, заклучи Наци. 

14:11

најчитано сега