Поликлиниката во Ѓорче Петров доби кабинет за оториноларинголигија

По речиси пет години пауза, денеска во Поликлиниката во Ѓорче Петров беше отворен кабинет за ОРЛ оториноларингологија.

Отворањето на кабинетот, истакна министерот за здравство Никола Тодоров, е овозможено со преминување на докторката од приватното во јавното здравство преку проектот за кој во тек е и вториот оглас за таа намена.

Во Здравствен дом Скопје, нагласи Тодоров, вкупно 13 специјалисти од приватното здравство преминале во оваа установа. Тоа, како што кажа, ќе овозможи граѓаните да ги добиваат услугите од секундарното здравство во близина на местото на живеење, а во некои поликлиники како што се во поликлиниката во Битпазар и во Драчево ќе овозможи специјалистичките кабинети да работат двосменски.

Тодоров информира дека на вториот оглас за преминување на специјалисти од приватно во јавно здравство кој трае до 28 август досега аплицирале 75 специјалисти.

најчитано сега