Законски измени во Македонија: Проверете дали треба да платите данок - казните се до 23.000 денари

Намалениот праг за ДДВ обврзници претставува дополнително оптоварување и трошок за граѓаните. Ова го тврдат експертите од областа на даночното право.

Според нив во Законот има многу нејаснотии. Не е прецизирано дека за ДДВ треба да се регистрираат  физичките лица што остваруваат приходи над милион денари , како пример беа посочени лицата кои издаваат недвижнини, уметниците со приходи кои ја надминуваат сумата. Велат потребна е поголема кампања затоа кој се треба да го плати овој данок.

- Сега ќе треба да имаат мини сметководствена програма и постојано да размислуваат дали ќе го надминат прагот и откако ќе го достигнат што да прават. Мое очекување е дека може да дојде до злоупотреба, граѓаните ќе наоѓаат начини да го избегнат плаќањето со тоа што ќе прават пренесување на имотот, ќе пренесуваат разни договори со кои што всушност ќе обезбедат приливите од закупнините да одат на различни места и  да не го исполнат условот за милион денари. Со тоа ќе се вратат назад во категоријата обврзници за плаќање на персонален данок на доход, изјави Максимовска. 

Од УЈП велат дека во Законот јасно стои дека обврска да плаќаат ДДВ имаат сите правни и физички лица кои оствариле приходи над милион денари од вршење на стопанска дејност. Тие имаат обврска во рок од 15 дена да се регистрираат како ДДВ обврзници.

- Мислам дека е прилично лошо кога се избира низок праг за даночни обврзници бидејќи со тоа се создава обврска за малите даночни обврзници кои ќе треба да се регистрираат, ќе треба дополнително да ги обработуваат податоците, да пополнуваат пријави, да плаќаат даночни советници, изјави Николовски.

Законот за ДДВ беше донесен во 2000 година и според експертите е еден од најдобрите даночни закони. Пред две години беа донесени законски измени според кои обврска да плаќаат ДДВ имаат сите фирми со промет над 16 000 евра.

Глобите за физичките лица кои нема да се регистрираат како ДДВ обврзници изнасуваат од 250 до 375 евра.

 

 

 

23.03.2017 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега