ФОТО: Уништената слика од Исус стана вистинска атракција и донесе многу пари

Пред околу една година Сесилија Хименез се обиде да реставрира фреска од Исус, но ако се сеќавате потполно ја уништи. Наместо да го наслика ликот на Христос, таа наслика лице кое потсетува на мајмун. Сепак, оваа 81-годишна уметничка последна се смее.

Имено, изобличеното лице на Исус стана вистинска атракција. Фреската привлече повеќе од 40.000 туристи и собра повеќе од 50.000 евра. Уметникот успеа да направи и сопствена изложба на која биле присутни повеќе од 5000 лица.

Инаку, оваа фреска датира уште од 1930 година, а беше уништена минатата година.

12:58

најчитано сега